Предлог- буџетот за Специјалното обвинителство пред пратениците
Согласно финансискиот план, средствата во износ од речиси 63 ипол милиони денари се наменети за непречено работење и автономно функционирање на обвинителството за последниот квартал од годинава...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија денеска треба да расправаат за предлог- буџетот за работа на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Согласно финансискиот план, средствата во износ од речиси 63 ипол милиони денари се наменети за непречено работење и автономно функционирање на обвинителството за последниот квартал од годинава.
Финансиските средства се наменети за исплата на плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислења од експерти, средства за професионално унапредување, средства за одржување на просториите и опремата, како и капитални инвестиции на јавното обвинителство.
