Катастарот и Управата за имотно-правни работи се поврзаа електронски

30.10.2015 12:43

Електронското поврзување на двете институции стартуваше со одделението на Управата во Општина Центар, а во следниот период и останатите подружници ќе се поврзат со системот...

Електронски се поврзаа Управата за имотно-правни работи и Агенцијата за катастар на недвижности. Граѓаните на побрз начин ќе може да добиваат документи од катастарскиот план и за движење на имотот.

Електронското поврзување на двете институции стартуваше со одделението на Управата во Општина Центар, а во следниот период и останатите подружници ќе се поврзат со системот.

За двата документа коишто Управата од Катастарот ги обезбедува по службена должност досега беше потребна најмалку една недела, а сега постапката трае неколку минути. Како и претходно, документите се обезбедуваат бесплатно, односно нема никакви трошоци за граѓаните, информираа директорите на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески и на Управата за имотно-правни работи, Зоран Крстаноски.

Електронското поврзување е овозможено по измената на законите за приватизација  и закуп на градежно земјиште и за експропријација.