ФЗОМ: Олеснувања за над 1.900 осигуреници со стома

30.10.2015 12:51

Овие пациенти, со едно одење на матичен лекар ќе можат да земат потврда и да си подигнат количини за три месеци...

Од 1-ви декември над 1.900 осигуреници со колостома, илеостома и уростома ќе можат да подигнат количини за три месеци во ортопедските куќи.

Станува збор за пациенти кои се заболени од најтешки и малигни заболувања и поради здравствената состојба имаат вештачки отвори – стоми.

Овие пациенти, со едно одење на матичен лекар ќе можат да земат потврда и да си подигнат количини за три месеци. Фондот за здравство одвојува околу 65 милиони денари годишно за ќеси за стома.