Мексико: Еруптираше вулканот Попокатепетел
30.10.2015 12:56
Според информација на Националната цивилна заштита на Мексико, висината на чадот и вулканскиот прав достигнува 3.000 метри над кратерот...

Се разбуди највисокиот вулкан во Мексико, Попокатепетел. Вулканот, кој исфрлил пепел и чад во небото, се наоѓа на 80 километри од главниот град.
Според информација на Националната цивилна заштита на Мексико, висината на чадот и вулканскиот прав достигнува 3.000 метри над кратерот.
Во последните 24 часа имало вкупно141 вулкански импулс. Мексико има околу 3 илјади вулкани, но само 14 се сметаат за активни.
