Се скараа директорите во ОУ „11 Октомври“

30.10.2015 13:14

В.Д. директорот Васко Лазаревски влезе во канцеларијата, но доскорешната сменета директорка Даниела Костадинова смета дека само таа е легитимен директор, одбивајќи да излезе од училиштето и обвинувајќи ги родителите дека од партиски причини побарале нејзина смена...

Не стивнува случајот со основното училиште „11 Oктомври“. В.Д. директорот Васко Лазаревски влезе во канцеларијата, но доскорешната сменета директорка Даниела Костадинова смета дека само таа е легитимен директор, одбивајќи да излезе од училиштето и обвинувајќи ги родителите дека од партиски причини побарале нејзина смена.

Родителите влегоа во канцеларијата велејќи и дека треба да си замине бидејќи не е веќе легитимен директор, а две години наназад не дозволувала училиштето да функционира нормално.

Ја обвинија и за неодамнешниот случај кога се крена аларм за труење на ученици.