Мигрантска криза: Одржана првата видеоконференција со Брисел

30.10.2015 13:14

Вчеравечер е одржана првата видеоконференциска врска на лицата за контакт на земјите од Балканскиот пат на мигранти со Брисел. Од македонска страна, со колегите од Европската Комисија, од Европскиот Совет, Фронтекс и УНХЦР и од засегнатите земји, информации за мигрантската криза размени и Анастасија Илиеска, државен секретар во МВР...

Во изминатото деноноќие, над 2.800 мигранти транзитирале низ земјава, соопшти МВР. Нивниот број од 19-ти јуни, по измените на Законот за азил се искачи на 192 илјади, односно близу до половина милион од почетокот на годинава.

Инаку, вчеравечер е одржана првата видеоконференциска врска на лицата за контакт на земјите од Балканскиот пат на мигранти со Брисел. Од македонска страна, со колегите од Европската Комисија, од Европскиот Совет, Фронтекс и УНХЦР и од засегнатите земји, информации за мигрантската криза размени и Анастасија Илиеска, државен секретар во МВР.

На видеоконференцијата, Австрија најави привремено прифаќање на 5.000, Србија три, додека Хрватска и словенија по 2.000 мигранти. Фронтекс треба да се распореди на границите на Бугарија, Унгарија и Хрватска, а ќе помогне и за регистрирање на мигрантите на копнените граници на Грција.

На Словенечко- хрватската граница пристигнале 183 од планираните 400 европски граничари. На видеоврската е заклучено, државите кои ќе прифатат мигранти да побараат грантови од Развојната банка на Советот на Европа.

Следниот состанок на националните лица за врска со Брисел ќе се одржи следната среда. 

 

Зоран Богатинов