Европските пасоши не треба да се продаваат
Европратениците создадоа полемика околу издавањeто на државјанства за пари од страна на Малта. Ова доаѓа како одговор на владата на Малта која сака да продаде 1800 пасоши под извесни услови, а во замена секој купувач ќе треба да плати 650 000 евра. Владата на Малта сака да привлечи странски фондови и се надева во текот првата година да заработи на овај начин 30 милиони евра.

Европратениците се на мислење дека оваа одлука на Малта може да има влијание врз сите други земји членки. Бидејќи, кога некој ќе добие државјанство од една земја членка, тој ќе може да се насели во било која друга земја членка на Унијата.
Продажбата на државјанства беше жестоко критикувана посебно од Народните партии, бидејќи таа одлука е донесена од влада која и припаѓа на левицата.
Тоа предизвикува непријатна ситуација кај социјалистите.
„Ситуацијата не е ниту црна, ниту бела“, вели Јоханес Свобода -претседател на групата на социјалистите и демократите.
Малта не е прва која дава пасоши во замена на наплата. Тоа веќе го прават Кипар и Австрија. Другите земји на тој начин даваат дозволи за престој. Затоа во Резолуцијата се повикува Комисијата да провери дали начинот на кој се издаваат државјанствата се во согласност со европските договори и правилата против дискриминацијата.
„Не е можно да европското државјанство биде под надлежност само на националните влади, бидејќи тука се европските правила за слободно движење и визниот режим кои важат за цела Европа“, дополнува Свобода.
Но некои европартеници се интерсираат и за масовното давање на бугарски и романски пасоши од властите на двете земји,како нашиот соговорник
Како на пример кога Басеску широко го дистрибуираше европското – романското државјанство на Молдавците, што создаде поделби во Молдава. Сето тоа е хаотично и затоа треба да се утврдат заеднички правила за начинот на кој земјите членки ќе даваат државјанства, бидејќи индиректно со тоа се дава и европското државјанство.
Тони Гламчевски, за МРТ од Франција