Промовиран проектот „АРМ- Мој вистински дом“
Министерството за одбрана и генералштабот преку презентации во неколку касарни го претставуваат проектот „АРМ- Мој вистински дом“. Згради ќе се градат во близина до касарната „Илинден“ во Скопје, а потоа ако има интерес и на други локации. На тендер ќе се избира фирмата што ќе гради, а вработените во АРМ ќе може да ги добијат становите по градежна цена. Заинтересираните треба да се пријават до 20-ти ноември...

До крајот на декември или почетокот на јануари ќе почне да се гради првата зграда наменета за припадниците на армијата. Проектот е завршен, се чека дозвола за градба и условите под кои ќе се издаваат становите. Заинтересираните ќе учествуваат со 30 проценти од градежната цена. Преостанатите 70% ќе ги субвенционира Министерството за одбрана.
Дел од средствата ќе се обезбедат преку кредит без камата, од банка која ќе биде избрана на тендер. Становите ќе се исплаќаат на 240 рати, или 20 години.
Локациите за изградба на станбените објекти за потребите на армискиот кадар би биле дел од активните касарни или на други делови од градот.
Повеќе згради ќе се градат и тоа во близина до касарната Илинден, а ако постои интерес, ќе се гради и во другите градови.
Проектот „АРМ- Мој вистински дом“ за припадниците на армијата обезбедува цена на станови многу пониска од комерцијалните.
Александра Перевска
