Кој е директор во „11-ти Октомври“?

30.10.2015 16:28

Битка за првото столче во основното училиште „11-ти Октомври“. Директорката што ја разреши Жерновски повторно ја доби легитимноста во управна постапка, новиот в.д. по именувањето од градоначалникот и ја узурпирал канцеларијата...

Битка за директорското столче во основното училиште „11-ти Октомври“. Директорката која минатиот месец беше разрешена од градоначалникот Жерновски тврди дека Лазаревски и ја узурпирал канцеларијата. Тој пак, откако беше назначен од градоначалникот на Центар бара таа итно да си замине од позицијата.

Од друга страна, Костадинова вели дека таа е единствен легитимен директор и дека незаконски била разрешена. Потврда за тоа, како што вели е одговорот на жалбата од Комисијата за одлучување во управна постапка која донесла решение да го поништи нејзиното разрешување и да ја врати на функцијата.

Но, тоа не е се. За време на своето директорување Лазаревски од работа избркал три наставнички. Упаднал на час и пред учениците со влечење ја исфрлил наставничката по македонски надвор од школото.

Во случајот кој доби политичка димензија се вмешаа и група родители кои застанаа на страна на новиот директор.

Побараа од вработените во училиштето да ја остават политиката на страна, затоа што во спротивно, како што велат, нема да ги носат децата на настава.

 

Анита Димитријевска