Поволни услови за решавање на станбеното прашање
Продолжува трендот на ниски камати за станбените кредити. Ваквата кредитна политика овозможува да се реши најважното животно прашање. Повеќе од 35 проценти апликации за станбени кредити процесуирале деловните банки за „Купи куќа, купи стан“. Поволните каматни стапки го зголемија интересот на граѓаните за субвенциониран стан...

Трендот на ниски камати за станови ќе продолжи, велат банкарите. Ниските стапки го зголемија кредититниот раст. Согласни се- во моментов има одлична понуда, но уште подобри услови за инвестирање. Кредитната политика е добра и таа овозможува да се реши најважното прашање. Подготвени се да ги подржат поволните мерки што ги дава државата.
„Условите за да се инвестира во најголемата инвестиција во текот на животниот циклус исклучително одговараат не само во поглед на висината на каматните стапки и понудата што на пазарот ја има во поглед на недвижностите, туку и условите од проектот „Купи куќа, купи стан“ коишто се исклучителна поддршка“, вели Милица Чапаровска од „Стопанска банка“ АД Скопје.
Повеќе од 35 проценти апликации за станбени кредити процесуирале деловните банки за „Купи куќа, купи стан“. Велат проектот овозможува надминување на препреките. Намалувањето на каматните стапки за кредитот дополнително ја направи атрактивна понудата, со што велат надлежните, интересот уште повеќе се зголеми. На саемот „Купи куќа, купи стан“ поволности за граѓаните, попусти и до двесте евра.
„Каматните стапки се историски најниски, цените на становите се најниски историски и се прилично пониски од што беа и имате можност да ја искористите субвенцијата од Владата која помага да се надмине почетниот период на отплаќање на обврските од кредитите. Останува уште секој добро да се информира, да ја донесе одлуката која е една од најзначајните во животот“, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Според проценките, преку проектот „Купи куќа, купи стан“ се заштедува и до 14.000 евра. Помошта доаѓа во првите пет години кога е и најтешко да се плаќаат ратите. За кредит од 50 илјади евра, месечната рата во првите три години е 300 евра, со проектот граѓаните плаќаат само 150, остатокот државата. Досега, доделени се повеќе од 650 решенија за проектот „Купи куќа, купи стан“.
Дијана Ценевска
