Реализација на повеќе планирани проекти
Овој регионален пат Тетово Јажинце долги години претставувал проблем за жителите од околните места . Сега со неговото реконструирање , граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките од него.
Комплетно се обновени 16 и пол километри асфалт. Вкупната инвестиција е 150 милиони денари.
-Со оваа реконструкција се овозможува безбедно одвивање на сообраќајот , а се намалува времето на патување и се обезбедува побрза сообраќајна комуникација-рече Љупчо Георгиевски , директор на Агенцијата за државни патишта.

Сега жителите од околните места ќе имаат побрза комуникација со Тетово , но и со Косово.
-Порано беше со многу дупки, а сега за 15 минути сме во Тетово, зашто сме 30 километри далеку од Тетово. Значи ќе имаме поголема комуникација меѓу луѓето-велат жителите.
Владата и понатаму ќе инвестира во патната инфраструктура. Премиерот Груевски на пуштањето на регионалните делници Тетово- Јажинце и Струга- Дебар рече дека 2006-тата до 2013-та се изградени и реконструирани над илјада километри патишта во државава. Само лани се вложени 13, 4 милиони евра.
-Заложбите за изградба на патишта и урбанизација на населените места во Република Македонија се од суштинско значење за подобрување на животот на граѓаните, за регионално поврзување на населените места , за подобрување на туризмот во земјата и за обезбедување услови за поголем економски раст на државата, оцени Никола Груевски – Претседател на владата на Република Македонија.
И во 2014-та и во 2015-та ќе бидат изградени уште 200 километри локални патишта , инвестиција вредна 20 милиони евра. Во струшко Мороиште е завршен уште еден капитален проект- канализациска мрежа . Набиената денешна агенда почна со средбата со заменик- претседателот на турската влада Емрулах Ишлер , на која биле потврдени пријателските односи меѓу двете држави и на политички и на економски план. Заедно присуствуваа и на поставувањето камен-темелник на турскиот театар.
Новинар Наташа Гркова-Петрушевска
Снимател: Светозар Ристов