Се празнат ќелиите во Гвантанамо
30.10.2015 17:23
Шакер Амер беше осомничен дека водел талибанска единица и се сретнал со Осама Бин Ладен...

Последниот британски затвореник во Гвантанамо се врати во Велика Британија по 13 години поминати во озлогласениот затвор без официјално обвинение. Шакер Амер беше осомничен дека водел талибанска единица и се сретнал со Осама Бин Ладен.
Ќелиите низ кој поминаа 780 осомничени за тероризам, повеќето без обвинение или судење, се празнат – уште 112 луѓе останаа до истекот на мандатот на американскиот претседател Обама чиешто предизборно ветување беше да го затвори озлогласениот Гвантанамо.
