3.000 бегалци оставени да чекаат на студот во Словенија
30.10.2015 17:26
Полицијата пропушташе само по 50 на час. Во последните две недели над 100.000 мигранти транзитираа низ Словенија...

Хаотични сцени во словенечкиот мигрантски камп Шентиљ – мајки со деца и бебиња се најдоа среде толпата која јуришаше низ оградата со Австрија.
3.000 бегалци беа оставени да чекаат на студот додека полицијата пропушташе само по 50 на час. Во последните две недели над 100.000 мигранти транзитираа низ Словенија.
Властите размислуваат за ограда на границата со Хрватска.
„Словенија има подготвени мерки, дури и од најрестриктивните. Ќе се зголемуваат во зависност од потребата да се организира протокот низ Словенија како транзитна земја“, вели Весна Ѓеркеш Жнидар, министерка за внатрешни работи на Словенија.
