Лиценци за проценители на тутун

02.11.2015 09:37

Почнуваат испитите за добување на лиценци за проценка на тутунот. Кандидати кои ги исполнуваат условите, неделава ќе го полагаат првиот дел од испитот за да можат да бидат присутни на секоја откупна вага...

На 5 ноември почнуваат испитите за добивање на лиценци за проценка на тутунот. Годинава има 38 кандидати кои ги исполнуваат условите, а со досегашните, за откупот на вагите ќе работат вкупно 434 лиценцирани проценители.

Според Законот, на секоја вага мора да има по еден проценител од страна на откупувачот и од тутунско здружение.

Комисијата за мострите до 13 ноември ќе ја заврши работата а од 15 од кога е законскиот рок за почеток на откупот, монополите ќе можат да ги отворат вратите за превземање на родот.

Годинава се очекува производство од околу 25 000 тони суров тутун што е приближно на ланското ниво.

 

Методија Трајков