Во Рим ќе биде поставена плоча во чест на Свети Кирил и Методиј
02.11.2015 09:58
Македонскиот претседател утре ќе оствари средба со својот италијански колега Серџо Матарела...

Шефот на македонската држава Иванов ја продолжува посетата на Италија. Во базиликата Санта Марија Маџоре, на иницијатива на претседателот Иванов, ќе биде поставена плоча во чест на македонските просветители Кирил и Методиј.
Утре пак, македонскиот претседател ќе оствари средба со својот италијански колега Серџо Матарела.
Иванов во Ватикан беше на аудиенција кај Папата Франциск. Бронзен релјеф со библиска тема, изработен од македонскиот скулптор Марјан Камилоски е поставен на централно место во Ватикан, што македонскиот претседател во 2011-та му го подарил на тогашниот папа, Бенедикт 16-ти.
