„Купи куќа, купи стан“: Попутстите го привлекоа вниманието на граѓаните
На саемот, освен Министерството за финансии, изложуваа и 20 компании, градежни фирми со понуда на станови, но и банки преку кои може да се земаат станбени кредити...

Саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити мол за четири дена го посетија илјадници граѓани заинтересирани за проектот, кој нуди владина помош при решавање на станбеното прашање, односно субвенции за станбен кредит.
На саемот, освен Министерството за финансии, изложуваа и 20 компании, градежни фирми со понуда на станови, но и банки преку кои може да се земаат станбени кредити.
Според процените, преку проектот „Купи куќа, купи стан“ се заштедува и до 14 илјади евра. За кредит од 50 илјади евра, месечната рата во првите три години е 300 евра, со проектот граѓаните плаќаат само 150, остатокот државата.
Досега се доделени повеќе од 650 решенија за проектот „Купи куќа, купи стан“.
