Канческа-Милевска ќе се сретне со италијанскиот министер за култура Франческини
02.11.2015 11:05
На средбата, двајцата министри ќе разговараат за досегашната соработка, како и за идните активности со кои би се продлабочиле културните врски меѓу двете земји...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе оствари билатерална средба со италијанскиот министер за култура Дарио Франческини.
На средбата, двајцата министри ќе разговараат за досегашната соработка, како и за идните активности со кои би се продлабочиле културните врски меѓу двете земји.
Македонија и Iталија имаат традиционално добри односи во областа на културата, со размена на многубројни проекти и гостувања на македонски и италијански уметници на манифестациите во двете држави.
