Кампања на ССМ против сивата економија

02.11.2015 11:09

Целта е да се засили борбата против сивата економија и да се подигне свеста кај младите...

Сојузот на синдикатите на Mакедонија ја промовира кампањата „Приклучи се и кажи стоп за сивата економија, кажи стоп за непријавената работа“.

Кампањата е во рамките на проектот „Даноци, неформална економија и корупција во земјите од Западен Балкан“ што го реализираат Меѓународната конфедерација на синдикати, Паневропскиот регионален совет и Норвешката конфердерација на синдикати.

Целта е да се засили борбата против сивата економија и да се подигне свеста кај младите.