Без тактика и елан нема успех
Речиси без одбрана, Македонија беше поразена од Унгарија со 25:31 во втората рунда на Европското првенство во Данска. Играта на нашите ракометари беше бескрвна и во двете полувремиња. Во еден момент, нашите ракометари играа и со втората постава, бидејќи Кирил Лазаров и Филип Миркуловски на неколкупати не успеваа да го совладат одличниот унгарски голман Миклер. Лазаров постигна само три гола. „ Ова треба што поскоро да го заборавиме, да свртиме нов лист и против Исланд да се покажеме во далеку подобро светло.
Речиси без одбрана, Македонија беше поразена од Унгарија со 25:31 во втората рунда на Европското првенство во Данска. Играта на нашите ракометари беше бескрвна и во двете полувремиња. Во еден момент, нашите ракометари играа и со втората постава, бидејќи Кирил Лазаров и Филип Миркуловски на неколкупати не успеваа да го совладат одличниот унгарски голман Миклер. Лазаров постигна само три гола. „ Ова треба што поскоро да го заборавиме, да свртиме нов лист и против Исланд да се покажеме во далеку подобро светло. Во името на играчите му се извинувам на македонскиот народ, не толку за поразот, колку за пристапот во играта во првото полувреме. Не е срамно да се загуби од Унгарија, но факт е дека ние на почетокот на мечот не се боревме доволно“, изјави по натпреварот селекторот Ивица Обрван.
