Ердоган: Народот избра стабилност и доверба

02.11.2015 11:35

Прелиминарните резултати покажуваат дека владејачката партија чиј основач е претседателот Ердоган со убедлива победа го вратила парламентарното мнозинство...

Турската изборна комисија соопшти дека официјалните резултати од парламентарните избори ќе бидат објавени за 11 или 12 дена, откако ќе бидат разгледани сите можни приговори од политичките партии.

Комисијата потврдила дека четирите партии, меѓу кои и прокурдската Народна демократска партија го минале прагот од 10 насто неопходни за влез во парламентот со 550 места.

Прелиминарните резултати покажуваат дека владејачката партија чиј основач е претседателот Ердоган со убедлива победа го вратила парламентарното мнозинство.

Тој изјави дека резултатите покажале дека народот повторно избрал стабилност и доверба.