Авионот со 162 тела пристигна во Русија

02.11.2015 11:37

Авионот на компанијата „Метроџет“ се урна во централниот дел на Синајскиот полуостров 23 минути по полноќ откако полета од аеродромот во египетското одморалиште Шарлм Ел Шеик...

Авионот со посмртните останки на 144 лица загинати во падот на рускиот авион со 224 патници и членови на екипажот изутрината слета во Санкт Петерсбург. Авионот на компанијата „Метроџет“ се урна во централниот дел на Синајскиот полуостров 23 минути по полноќ откако полета од аеродромот во египетското одморалиште Шарлм Ел Шеик.

Се истражуваат причините за несреќата. Џихадистите од Исламска Држава презедоа одговорност за соборувањето на авионот, иако експертите сметаат дека постои мала веројатност за тоа. Не е исклучена ниту можноста за самоубиствен напад.