Лондон: Поради маглата откажани повеќе од 100 лета
02.11.2015 11:40
Компанијата Бритиш Ервејз ги замоли патниците да не доаѓаат на аеродром доколку немаат потврда дека летот за кој имаат билет ќе биде овозможен...

Густата магла го паралиозираше сообраќајот на лондонскиот аеродром Хитроу поради што беа откажани повеќе од 100 летови.
Компанијата Бритиш Ервејз ги замоли патниците да не доаѓаат на аеродром доколку немаат потврда дека летот за кој имаат билет ќе биде овозможен.
Дел од патниците морале да преноќат на аеродромот Хитроу и најавија тужби бидејќи авиокомпаниите не им обезбедиле сместување што е едно од правилата на Европската Унија.
