Грчките морнари стапија во 48-часовен штрајк
02.11.2015 11:50
Синдикатот на морнарите ги повика бродските компании, кои превезуваат мигранти и бегалци, да не патуваат во деновите кога е закажан штрајкот...

Грчките морнари денеска стапија во 48-часовен штрајк што го организира Синдикатот на морнарите и кој е против новите економски мерки на владата, што го засегаат и овој сектор.
Синдикатот на морнарите ги повика бродските компании, кои превезуваат мигранти и бегалци, да не патуваат во деновите кога е закажан штрајкот.
Учесниците во штрајкот бараат спречување на измените во пензиите на морнарите, кои се предвидено со реформите на грчкиот пензиски систем.
