МВР: Досега издадени 203.940 потврди за азил

02.11.2015 12:00

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 132.219, потоа Авганистан 41.195, Ирак 15.671, Пакистан 4.327, Иран 3.534...

За 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.702 странски државјани, од кои 1.919 се од машки пол, 667  се од женски, 661 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 455 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на  Сирија 2.313, од Авганистан 961, Ирак 177, додека другите се во помал број.

Досега издадени се потврди на вкупно 203.940 странски државјани, од кои, 124.488се од машки пол, 29.688се од женски, 39.976 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.788 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 132.219, потоа Авганистан 41.195, Ирак 15.671, Пакистан 4.327, Иран 3.534, од Палестина 1.739,Сомалија 1.044, Бангладеш 938, Конго 498, Нигерија 258, Камерун 225, Еритреја 212, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.