„Колавија“: Авионот паднал поради надворешен фактор

02.11.2015 13:09

Соопштено е и дека бил оштетен задниот дел од авионот. Според компанијата, екипажот целосно загубил контрола над леталото, по што почнало да губи висина...

Рускиот авион кој со 224 патници и членови на екипажот се урна во Египет можел да го собори само надворешен фактор, соопшти авиокомпанијата „Колавија“.

Меѓудругото, соопштено е и дека бил оштетен задниот дел од авионот. Според компанијата, екипажот целосно загубил контрола над леталото, по што почнало да губи висина.

Иако руските власти истакнаа дека авионот паднал поради технички проблем, постојат теории според кои е можно во леталото да имало експлозивна направа, а не е исклучен ниту човечкиот фактор.

Во меѓувреме, посмртните останки на 144 од жртвите изутрината пристигнаа во Санкт Петерсбург.