Патрик Кинг победник на спустот во Венген
Швајцарскиот скијач Патрик Кинг, победи на натпреварот во спуст, кој се одржа во познатиот зимски центар Венген. До својата прва победа во најбрзата дисциплина, а втора во светскиот куп во кариерата, 30 – годишниот Кинг дојде во неизвесна трка, во која освтари за 6 стотинки подобар резултат во однос на второпласираниот, Ханс Рајхелт, кој пак, за само една стотинка беше подобар од норвешкиот скијач, Аксел Лунд Свиндал. Интересно е дека Кинг своето деби во светскиот куп, го имаше токму во Венген, во 2009 година.

Во поредокот во спуст води Норвежанецот Свиндал со 360 поени, или 100 повеќе од Рајхел, а во генерален пласман Свиндал има 757 бода, пред Хиршер од Австрија со 675.
Горан Милковски