Студентите се вселија во реновираниот блок на студентскиот дом „Гоце Делчев“
02.11.2015 13:53
Наидоа на современо опремени соби со кујна, нови тоалети, нови подови и бежичен интернет...

Студентите ги добија клучевите од реновираните соби од блокот Б, во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Наидоа на современо опремени соби со кујна, нови тоалети, нови подови и бежичен интернет.
Нема да има зима за студентите од „Гоце Делчев“. Решен е и проблемот со парно греењето. До највисоките катови ќе стигнуваат со нов лифт.
Студентите со кои разговаравме велат дека се повеќе од задоволни. Велат условите за живот се драстично променети и тоа за нив е мотив за да напредуваат во своето образование.
