Сојузот на синдикати со кампања против работа на црно

02.11.2015 15:06

Сојузот на синдикатите на Македонија ја промовира кампањата „Приклучи се и кажи стоп за сивата економија, кажи стоп за непријавената работа“. Кампањата е во рамките на проектот „Даноци, неформална економија и корупција во земјите од Западен Балкан“ што го реализираат Меѓународната конфедерација на синдикати, Паневропскиот регионален совет и Норвешката конфердерација на синдикати...

Земјоделството, градежништвото, угостителството, услужните дејности процентуално заземаат најголемо учество во сивата економија. Меѓу работниците во оваа сфера има и студенти и пензионери. Според податоците, како сезонски работници најмногу има млади од 15 до 30 години.

Плата во плик е се уште актуелна во неформалната економија. Од ССМ информираа дека од 22,5 до 25 проценти се рамките во кои се движи сивата економија во која меѓу другото не се почитуваат и работничките права. 

Според синдикалниот лидер, Живко Митревски, во земјава се носат закони кои ги штитат работничките права, но ефектот ќе биде поголем ако се мобилизираат синдикалните организации. Тие ќе ги едуцираат вработените во фирмите кои се нивните права и како да ги остварат.

 

Наташа Јанчиќ