Собранието го одобри буџетот за специјалното овинителство
02.11.2015 15:16
Иако финансискиот план на Јанева е одобрен, специјалната обвинителка се уште чека на докомплетирање на нејзиниот тим од 14 обвинители...

Без расправа, пратениците едногласно го одобрија буџетот на специјалната обвинителка Катица Јанева во износ од околу еден милион евра, за последниот квартал од годинава.
Иако финансискиот план на Јанева е одобрен, специјалната обвинителка се уште чека на докомплетирање на нејзиниот тим од 14 обвинители.
Од Советот на обвинители, пак, остануваат на ставот дека Јанева треба да добие само 7 обвинители.
