Кривична одговорност за смртта на Фросина Цекова
26 годишниот Љубиша В. во април годинава на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази младата студентка од Крива Паланка, Фросина Цекова, која почина на лице место. Се товари за две кривични дела „неукажување помош“ и „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“...

Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против 26 годишниот Љубиша В. кој во април годинава на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази младата студентка од Крива Паланка, Фросина Цекова, која почина на лице место.
Се товари за две кривични дела „неукажување помош“ и „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“.
Од Обвинителството соопштуваат дека направената ДНК анализа во внатрешноста на возилото обезбедила докази дека тој управувал со возилото, а утврдено e и дека имал 1,23 промили алкохол во крвта.
Тој по несреќата побегнал од местото на настанот, а по неколку часа се предал на полицијата.
