Србија почна со тестирање на кубанска вакцина против рак

02.11.2015 15:50

Белградскиот институт „Торлак“ набави 1.680 единици од лекот и по 15 дневно тестирање се очекува доаѓање на кубански лекари кои ќе ги следат пациентите и примена на вакцината...

„Cimavax EFG“ кубанските вакцини кои го продолжуваат животот на заболените со карцином на белите дробови од 2-5 години од денес почнаа со бесплатна употреба и  тестирање во три здравствени установи во Србија. Белградскиот институт „Торлак“ набави 1.680 единици од лекот и по 15 дневно тестирање се очекува доаѓање на кубански лекари кои ќе ги следат пациентите и примена на вакцината.

Интерсот за неа е голем во целиот регион, како и во Македонија, соопшти министерот за здравсто Златибот Лончар.

„Р. Српска, Хрватска, Црна Гора, Босна, Македонија- луѓето се јавуваат од сите страни за оваа вакцина. Бараме начин како и тие да дојдат до вакцината. Бидејќи е наменета за нашите осигуреници, бараме начин како и тие да дојдат овдека, бидејќи вакцината се применува по одредени критериуми и неможе да се купи и да се однесе“, вели министерот за здравство Лончар.

Според Лончар лекот ќе се применува на пациенти кои имаат четврти стадиум од болеста за кои се прогнозира уште шест месеци живот.

„Според последните испитувања од пред неколку дена говорат дека во термална фаза на болеста, оваа вакцина го продолжува животот помеѓу 2 до 5 години“, нагласува Лончар.

За кубанската вакцина досега не се утврдени класични контраиндикции, освен оние како и кај останатаите вакцини.

Оваа вакцина не може да се купи во аптеките во Србија. За неа треба тестирања овдека, а терапија на примањето на лекот трае две години.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ