Нов пораз на МЗТ Скопје

18.01.2014 19:33

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија од Цедевита со 81-75 во Јадранската лига. На паркетот во арената „Борис Трајковски“, македонскиот кошаркарски шампион беше рамноправен, на моменти и подобар противник, но хрватскиот тим ја одржа победничката серија.

Со две тројки на Дамјан Стојановски, МЗТ поведе со 10-2 на почетокот на мечот. До крајот на првата четвртина Цедевита израмни на 19-19, а во втората нашиот состав создаде разлика од седум коша 40-33. Сепак, загрепскиот ривал знаеше како да ги користи компаративните предности во второто полувреме. Поради проблемот со лични грешки на Гечевски, МЗТ беше недоволно конкурентен под обрачите, па центрите на Цедевита беа нерешлива енигма. Се разиграа и Американците, па Цедевита трпеливо ја градеше петтата победа во серија во АБА друштвото, вкупно 13-та досега. МЗТ Скопје има два пораза едноподруго и се потешко ќе биде во можност да ја прекрши сезоната и да дојде до симетричен или до позитивен ефект.

Тодор Гечевски постигна 15, Ѓорѓи Чековски 13 поени, а двоцифрен беше и Дамјан Стојановски со 11 коша. Кај Цедевита Миро Билан и Нолан Смит постигнаа по 15, Јусуф Нуркиќ 13, а Алан Реј 10 поени.

Наредниот натпревар МЗТ Скопје ќе го игра во Белград против Партизан, најдобрата екипа во лигата досега.