Пациентите задоволни од услугите на Здравствен дом- Скопје

02.11.2015 16:13

Директорката Баевска – Вучковиќ, вели дека во спроведеното истражување, дадена е висока оценка и за системот „Мој Термин“ - се почитувало закажаното време...

80 проценти од пациентите задоволни од услугите добиени од лекарите и медицинските сестри во скопските Здравствени домови. Директорката Баевска – Вучковиќ, вели дека во спроведеното истражување, дадена е висока оценка и за системот „Мој Термин“ - се почитувало закажаното време.

„Гужвите и хаосот по ходниците, нервозата од двете страни на вратата како во чекалните така и во лекарските ординации повеќе не постои. Во однос на превентивната здравствена заштита институцијата е единствена во однос на имунизацијата и ситематските прегледи на децата до 18 години со висок опфат на имунизација од 95 проценти“, вели Татјана Баевска- Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Баевска вели дека за три години во медицинска опрема биле инвестирани повеќе од 67 милиони денари. 29 специјалисти од приватно, преминале во јавно здравство. 63-ца вработени биле на обука во странство.

Во изминатиов период со нови возила, опрема и кадар е засилена итната медицинска помош, отворени се и нови пунктови во Драчево и во Ѓорче Петров, побрзо се стасува до пациентите.

За навремена нега, воведен е рурален лекар и домашна визита.

 

Андријана Атанасовска