Поднесено обвинение против возачот кој ја прегази Фросина
26 годишниот скопјанец ќе одговара за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, но и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, бидејќи по ударот го напуштил местото...

Јавното обвинителство поднесе обвинител акт против возачот на џипот Хонда со кој на пешачки премин во близина на Универзалната сала, в април годинава ја прегази тинејџерката Фросина Цековска од Крива Паланка. 26 годишниот скопјанец ќе одговара за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, но и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, бидејќи по ударот го напуштил местото.
Обвинителството го покренува обвинението после седум месеци откако анализата на ДНК профилите го утврдила идентитетот на сторителот на сообраќајната незгода. Вештачењето покажало дека возачот ја пречекорил дозволената брзина и не посветил внимание при приближување на крстосницата. Во моментот на случувањето на сообраќајнта незгода кај осомничениот било констатирано присуство на алкохол во крвта од 1,23 промили.
Случајот Фросина Цековска е еден од неколкуте во кои на пешачки премин настрадаа пред се млади луѓе. Граѓаните сметаат дека најчеста причина е пребрзото возење, но и невниманието на пешаците.
Најновите законските измени предвидуваат максимална брзина од 50 километри на час во населено место. Веруваат дека тоа ќе придонесе за избегнување на вакви катастрофи, но сепак сметаат дека пред се е потребна висока свест кај сите учесници во сообраќајот.
Фиљана Кока
