Почина академик Томе Бошевски
Тој беше редовен член на академијата од ’94 година, со објавени голем број научни трудови, а значаен е и неговиот приодонес во решавањето на актуелните проблеми во енергетиката во Република Македонија...

На 78 годишна возраст, почина академик Томе Бошевски – соопшти Македонската академија на науките и уметностите. Тој беше редовен член на академијата од ’94 година, со објавени голем број научни трудови, а значаен е и неговиот приодонес во решавањето на актуелните проблеми во енергетиката во Република Македонија.
За утре е закажана комеморативна седница на ману и на Факултетот за електротехника и информациски технологии, која ќе се одржи во 10 часот во просториите на Академијата.
Погребот на Бошевски ќе се изврши утре на гробиштата Бутел во 12 и 30 минути, час порано, погребните останки ќе бидат изложени во капела.
