Задоволство, но не и еуфорија
Девете разлика и пред се играта против Митјиланд се добра основа вардарки да се надеваат на бодови во Данска или Унгарија...

Кога ќе се победи шампионот на Данска, тогаш задоволство е големо. Сепак, најважно е што ракометарките на Вардар го демонстрираа несомнениот квалитет и ја вратија самодовербата пред гостувањата кај Митјиланд и кај Ѓер во Лигата на шампионите.
Девете разлика и пред се играта против Митјиланд се добра основа вардарки да се надеваат на бодови во Данска или Унгарија, што би можеле да бидат клучни во главната фаза и на патот кон завршниот турнир. Добрата анализа на противникот, подготовката, желбата и агресивноста пред се во одбраната, придонесоа црвено - црните дами да одиграат одличен меч. Навистина кризните минути се нормални во елитното натпреварување, особено против директните конкуренти, но сепак ќе мора да се сведат на минимум и тоа веднаш на дуелот со Митјиланд викендот што претстои.
Откако беше невобичаено голгетерски тивка на првите два меча, најдбриот стрелец минатата сезона во Лигата на шампионите, Андреја Пенезиќ одигра врвен меч против Митјиланд. Десете погодоци и обезбедија место меѓу трите ѕвезди на колото во изборот на ЕХФ.
