Нови репрезентативни имиња нема, но Ангеловски има стратегија
Новиот селектор, Игор Ангеловски ќе се обиде за почеток да го сопре тонењето. Тоа ќе биде целта на пријателските дуели во Скопје против Црна Гора на 12-ти и со Либан на 17-ти ноември...

По најлошиот циклус квалификации, по серијата од 11 натпревари без победа, меѓу нив девет порази, промените во фудбалската репрезентација на Македонија беа логични. Новиот селектор, Игор Ангеловски ќе се обиде за почеток да го сопре тонењето. Тоа ќе биде целта на пријателските дуели во Скопје против Црна Гора на 12-ти и со Либан на 17-ти ноември.
Дебитанти нема, недостигаат некои фудбалери, но 16-те главно беа дел и од неуспешните квалификации за Европското првенство. За вториот меч во конкуренција ќе влезат и неколкумина од младата селкеција којашто на 15 ноември ќе игра со Франција. Голманскиот тандем ќе го сочинуваат Димитриевски и Милтон - Нилсон, одбраната Шиков, Брдаровски, Ристовски и Жута, средниот ред, Петровиќ, Глигоров, Стјепановиќ, Велковски, Ибраими и Тричковски, додека изборот во нападот ќе биде меѓу Трајковски, Илијоски и Несторовски. Со овие фудбалери не е затворена потенцијалната листа кандидати, но селекторот Ангеловски имам свои критериуми.
За фудбалот во Македонија нема време, потребни се резултати и во контролните дуели, па Ангеловски уште од стартот ќе се обиде да ја пренесе својата филозофија којашто ќе се базира на офанзивен фудбал.
Свесен за ситуацијата и за можностите на фудбалерите, селекторот Ангеловски не прифаќа да потпадне во македоската фудбалка депресија, особено што техничкиот менаџер на репрезентацијата Саша Ќириќ најави дека фокусот треба да биде на квалификациите за Европксото првенство во 2020-та година.
Привремениот договорот меѓу Ангеловски и ФФМ е само за овие два натпревара, но продолжувањето на соработката, за којашто има обострана желба, нема да зависи од резултатите против Црна Гора и Либан. Многу веројатно ќе биде потпишан професионален договор, особено што мандатот на Ангеловски на клупата на Работнички, на хартија завршува во декември.
