Земјоделците имаат потреба од семенска пченица

03.11.2015 09:48

Земјоделците ја интензивираат есенската сеидба, но колку од нив ќе користат сертифициран семенски материјал. Домашното производство на семенска пченица иако е мало лани не било целосно искористено...

Лошите временските услови не дозволија навреме да се влезе во нивите и да се изврши сеидба. Ова е главен проблем на земјоделците, но не помалку е важно и со какво семе се сее.

Најчесто се употребува меркантилната или пченица за исхрана.

Причината велат фармерите, е ниската откупна цена наспроти скапиот семенски материјал.

Домашно производство на семе од житни култури е многу мало, околу 5 до 6 илјади тони, а потребите за 100.000 хектари се скоро 20.000 тони кои треба да се увезат.

Поради доцнењето на сеидбата годинава се препорачува да се употребат поголеми количества на семе по хектар.

 

Методија Трајков