Претседателот Иванов на средба со италијанскиот колега Матарела
Во фокусот- билатералната соработка, економските потенцијали на двете земји и можностите за унапредување...

Во Рим средба на претседателот Иванов и неговиот италијански колега Серџо Матарела. Во фокусот- билатералната соработка, економските потенцијали на двете земји и можностите за унапредување.
Во рамките на официјалната посета, шефот на државата вчера присуствуваше на церемонијата на поставувањето плоча во чест на Свети Кирил и Методиј, во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.
„Јазикот е најголемиот жив споменик што ние сме должни да го чуваме и да го унапредуваме, за оваа и за идните генерации“, порача претседателот Иванов.
Во рамки на официјалната посета на Државата Ватикан, претседателот Иванов имаше аудиенција кај папата Франциск, како и средба со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.
