Промени во висината на рускиот авион пред падот
03.11.2015 10:09
Податоците од радарот покажуваат дека авионот во моментите пред исчезнување рапидно забавувал и губел по скоро два километра од висината во минута...

Рускиот авион кој со 224 патници и членови на екипажот се урна во Египет имал необична рута неколку минути пред да падне на Синајскиот Полуостров.
Податоците од радарот покажуваат дека авионот во моментите пред исчезнување рапидно забавувал и губел по скоро два километра од висината во минута.
Причините за уривањето и натаму се непознати. Египетскиот претседател Ал Сиси го отфрли тврдењето на Исламска Држава дека таа е одговорна за падот на рускиот авион.
