Руската војска ја бомбардираше областа кај Палмира
03.11.2015 10:23
Руските авиони уништиле дефанзивна позиција и противвоздушни системи на Исламска Држава...

Руската војска соопшти дека ја бомбардирала областа кај градот Палмира, упориште на Исламска Држава во Сирија. Руските авиони уништиле дефанзивна позиција и противвоздушни системи на Исламска Држава.
Според сириската опсерваторија за човекови права, во нападите е погоден познатиот антички град што е под заштита на УНЕСКО и чиишто делови екстремистите претходно ги уништија.
Руското министерство пак, соопштило дека во предградие на Алепо е уништен камп, во кој се тренирале екстремистички борци од странство.
