„Амнести Интернешнл“ ги обвинува Грција и ЕУ за бегалците

03.11.2015 10:41

Организацијата предупреди дека зајакнатите мерки за безбедност на копнената граница меѓу Грција и Турција ги принудила бегалците и мигранти да ја избираат поопасната маршрута преку морската граница на двете земји...

Весникот „Катимерини“ пишува дека Организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешнл“ ги обвинува Грција и Европската Унија за пасивност и недостиг на политичка волја за решавање на бегалската криза.

Организацијата предупреди дека зајакнатите мерки за безбедност на копнената граница меѓу Грција и Турција ги принудила бегалците и мигранти да ја избираат поопасната маршрута преку морската граница на двете земји.

Меѓудругото повика на поголема солидарност на Европа кон Грција, како и за координирани активности за спасување на бегалците.