Момче и девојка пронајдени мртви во мотел во Битола

03.11.2015 11:38

Според СВР Битола, случајот го пријавиле вработени во мотелот откако забележале дека момчето и девојката подолго време не излегувале од собата...

Момче и девојка од Битола, Ѓ.И. (27) и К.И. (33), денеска се пронајдени мртви во мотел што се наоѓа во индустрискиот дел на градот.

Според СВР Битола, случајот го пријавиле вработени во мотелот откако забележале дека момчето и девојката подолго време не излегувале од собата.

Како што информира портпатолот на СВР Соња Стаматова, веќе е поведена истрага за настанот.

Засега е познато само дека Ѓ.И. (27) и К.И. (33) на 24 октомври изнајмиле соба во мотелот.