„Легатум“: Македонија се искачи четири места на индексот за просперитет
Во рангирањето државите се мерат во неколку категории, како економски просперитет, претприемништво и можности за напредување, владеење, образование, здравство, безбедност, лични слободи и општествен капитал...

Македонија се искачи четири места на индексот на просперитет на британскиот институт „Легатум“. Земјава е на 65-то место од 142 анализирани држави.
Во рангирањето државите се мерат во неколку категории, како економски просперитет, претприемништво и можности за напредување, владеење, образование, здравство, безбедност, лични слободи и општествен капитал.
Македонија е најдобро пласирана во категоријата здравство, на 50-то место во светот, каде во предвид се земени лекувањето на граѓаните, здравствената инфраструктура и превентивната нега.
Високи оценки имаме и во делот на преттприемништво и можностите за напредок, како и безбедноста.
Споредено со регионот, пред Македонија се Грција, Бугарија, Хрватска и Црна Гора, зад нас се Србија, Албанија и БиХ. На врвот на листата се Норвешка, Швајцарија и Данска.
