„Партизанска“ поплавена!

19.01.2014 11:21

Сеуште беа влажни улиците по синоќешната поплава што се случи поради пукната цевка на булеварот  Партизански одреди  во близина на пазарчето Буњковец . Дефектот кој се случил околу 3,30 часот по полноќ   ги остави без вода поголемиот дел од корисниците во централното градско подарчје ,кои и во текот на денешниот ден добиваа повремено вода .

- Од изутрината  немаме вода ,рекоа дека така ќе биде до 15 часот

-Од ноќеска снемува па доаѓа вода ,ми рекоа до 18 часот ќе биде саниран дефектот .

Дежурните екипи на водовод и канлаизација  пристигнале веднаш по првиот повик.  Се очекува дефектот да биде отстранет во поладневните часови. Од Водовод велат дека работата ја отежнува и близината на топлификационата мрежа поради рачното копање.

Дијана Ценевска