Нападнати позиции на ПКК
03.11.2015 12:25
Во меѓувреме, во делови на Дијарбакир е воведен полициски час откако бил убиен еден човек во судир со курдските милитанти...

Турските воени авиони бомбардирале бази на забранетата Курдска работничка партија во Турција и во Северен Ирак. Притоа биле уништени засолништа, пештери и магацини со оружје на сепаратистичката терористичка организација.
Во меѓувреме, во делови на Дијарбакир е воведен полициски час откако бил убиен еден човек во судир со курдските милитанти.
Тоа е прв случај на убиство по изборите минатиот викенд кои влијаеа врз зголемување на напнатоста во областа претежно населена со Курди.
