МВР: За 24 часа издадени 3.965 потврди за азил
Најбројни се државјаните на Сирија - 2.144, Авганистан - 1.153, Ирак - 351 додека другите се во помал број...

Во последниве 24 часа МВР издаде се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.965 странски државјани. Од нив 1.878 се од машки пол, 754 се од женски, 1.238 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 95 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија - 2.144, Авганистан - 1.153, Ирак - 351 додека другите се во помал број.
Досега издадени се потврди на вкупно 207.905 странски државјани, од кои, 126.366 се од машки пол, 30.442 се од женски, 41.214 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.883 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 134.363, потоа Авганистан - 42.348, Ирак - 16.022, Пакистан - 4.390, Иран - 3.691, Палестина - 1.750, Сомалија - 1.060, Бангладеш - 947, Конго - 499, Нигерија - 262, Камерун - 225, Еритреја - 213, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
