Распишан конкурсот за ученички стипендии за учебната 2015/2016 година
Огласот е објавен денеска, се со цел учениците да имаат доволно време да ја подготват потребната документација...

Министерството за образование доделува 745 стипендии во 6 категории за средношколците од јавните и приватните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Огласот е објавен денеска, се со цел учениците да имаат доволно време да ја подготват потребната документација.
„Од 745 стипендии, 400 се наменети за социјална поддршка на учениците. Условите кои треба да ги исполнат е да имаат успех во текот на школувањето од најмалку 4,00. При доделувањето на овие стипендии, предвид ќе се земе и материјалната состојба на потесното семејство на кандидатот, како и евентуално добиените награди од на државни или меѓународни натпревари“, изјави министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.
80 стипендии се наменети за децата без родители, а стипендистите ќе добиваат 2.200 денари месечно.
