Растат странските директни инвестиции во Македонија

03.11.2015 12:58

Во август оваа година, обемот на странски директни инвестиции изнесува 24,7 милиони евра, што претставува раст за 11,3 проценти...

Во периодот јануари- август годинава странските директни инвестиции изнесуваат 153,4 милиони евра. Статистиката покажува раст за шест проценти, односно 8,7 милиони евра во однос на истиот период лани.

Во август оваа година, обемот на странски директни инвестиции изнесува 24,7 милиони евра, што претставува раст за 11,3 проценти, или 2,8 милиони евра повеќе споредено со истиот месец минатата година.