Комисијата за одбрана ги одобри измените во Законот за служба во армијата
Законските измени треба да поминат и на пленарна седница. Со 54 милиони денари на годишно ниво, се решава судбината на професионални војници по основ на максимална старосна граница...

Комисијата за одбрана и безбедност даде виза на предлогот на ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ за измените во Законот за служба во армијата, со кои најдоцна до крајот на февруари идната година трајно се решава статусот на 140 поранешни професионални војници.
Законските измени треба да поминат и на пленарна седница. Со 54 милиони денари на годишно ниво, се решава судбината на професионални војници по основ на максимална старосна граница.
Ова е конечна разрешница за материјалната положба на поранешните армиски професионалци, која се одвиваше во три фази. Во првата беа вработени 4 илјади, во втората етапа невработените до 31 декември 2013.
Предлогот на опозицијата не беше прифатен, бидејќи како што велат од владејачкото мнозинство, со предложените 2 милиони денари на годишно ниво, не можат да се вработат сите 140 војници.
